Трагедијата што ја потресе Турција доби уште потежок биланс, со нова жртва меѓу учениците. Бројот на загинати во пукањето во средното училиште во Кахраманмараш се искачи на 10, откако во болница на повредите им подлегна ученикот Јусуф Тарик Ѓул.
Лекарите се бореле за неговиот живот, но повредите биле премногу тешки.
– Еден ученик им подлегна на повредите – соопшти министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи.
Здравствените власти предупредуваат дека билансот може да се промени. Во нападот се повредени вкупно 13 лица. Шестмина се сместени на интензивна нега, додека тројца се во критична состојба.
Фокусот на истрагата е на тоа како 14-годишниот Иса Арас Мерсинли дошол до оружјето и која е неговата семејна позадина.
Се претпоставува дека оружјето го зел од својот татко, пензиониран полицаец. И самиот Иса починал за време на инцидентот. Гувернерот Мукерем Унлуер изјави дека сè уште не е целосно утврдено како настрадал.
Според првичните информации, напаѓачот во средата, 15 април, влегол во две училници во училиштето и отворил оган. Учениците биле затекнати за време на наставата. На самото место биле убиени наставничката по математика Ајла Кара и девет ученици.
Инцидентот се случил во средата, предизвикувајќи паника во целото училиште.
Илјадници граѓани се собраа на погребите на жртвите. Најмладите убиени деца имале само 10 години.
Тагата и шокот се проширија низ целата земја.
Големата полициска акција која следеше по нападот уште е во тек. Бројот на уапсени лица под обвинение дека шират видеа за нападите достигна 162 лица. Дополнително, 95 лица биле приведени поради сомнително однесување на интернет.
Министерот за правда Акин Гурлек изјави дека станува збор за содржини што шират страв и го величаат насилството.
Ограничен е пристапот до 1.104 профили на социјалните мрежи.
Нападот се случил во средното училиште „Ајсер Чалик“.
Сцените од училиштето биле опишани како хаотични и шокантни.
Tagged as:
Дали 14-годишниот Иса го добил оружјето од неговиот татко?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
