Собранието денеска одлучи да ја продолжи кризна состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на земјата. Според одлуката, мерката ќе важи до 20 јули 2026 година и ќе започне да се применува од 21 април, по објавувањето во „Службен весник“.
Продолжувањето следува поради неповолната меѓународна безбедносна и енергетска состојба, особено по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и нарушувањата во транспортот на сурова нафта преку Ормускиот Теснец еден од најважните светски енергетски коридори.
Надлежните институции проценуваат дека по нападите кон крајот на февруари и блокирањето на дел од поморските патишта, протокот на нафта низ Ормускиот Теснец е значително намален. Тоа, според нив, создава ризик од глобален недостиг и раст на цените, што директно може да се одрази и на домашниот пазар.
Владата веќе најави мерки за ублажување на последиците, меѓу кои намалување на ДДВ за енергенсите и намалување на акцизите за дизелот и безоловните бензини, со цел да се зачува стандардот на граѓаните и да се обезбеди стабилно снабдување.
Надлежните тела за управување со кризи оценија дека причините за воведување на кризна состојба сè уште постојат, па Собранието ѝ овозможи на Владата и во наредниот период да продолжи со мерки за стабилизирање на снабдувањето со енергенси.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
