Енергетската битка околу Иран влегува во критична фаза, со бројки што откриваат колку е тенка линијата. Иран го суспендирал извозот на петрохемиски производи за да обезбеди домашно снабдување.
Одлуката доаѓа во услови на блокада и напади врз енергетската инфраструктура.
Сателитските податоци од „Кајрон“ покажуваат дека складиштата се исполнети над 51 процент, пишува „Фајненшл Тајмс“. Според медиумот, ако продолжи блокадата да на Ормускиот Теснец од страна на американските бродови Иран може целосно да престане да произведува нафта.
Со тековен извоз од околу 1,8 милиони барели дневно, просторот брзо се намалува. Ова остава ограничен маневарски простор за Техеран.
Аналитичарите проценуваат дека Иран може да продолжи со сегашното производство уште околу 10 до 15 дена. Максималниот рок за полнење на складиштата е околу 16 дена. Потоа ќе мора да следи намалување на производството, пишува „Тајмс“.
Блокадата може да му носи загуби од околу 435 милиони долари дневно. Сепак, приходите од нафта во текот на конфликтот речиси се удвоиле.
Ова покажува дека економската битка е двонасочна.
Вкупното производство изнесува околу 3,6 милиони барели дневно. Околу половина од оваа количина се троши на домашниот пазар. Ова му дава одредена флексибилност на Иран.
Иран веќе користи супертанкери за складирање. Еден до два танкери со капацитет од околу 2 милиони барели дневно се товарат редовно.
Покрај тоа, околу 150 милиони барели веќе се чуваат на море.
Tagged as:
Блокадата на САД ги полни складиштата џебовите и стравовите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
