Background

Русија ќе биде подготвена повторно да го разгледа предлогот за поставување на ирански збогатен ураниум на своја територија доколку двете страни се заинтересирани

Русија ќе биде подготвена повторно да го разгледа предлогот за поставување на ирански збогатен ураниум на своја територија доколку двете страни се заинтересирани, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

– Русија изрази подготвеност да го складира збогатениот ураниум на Иран. Тоа беше добра одлука, но американската страна ја отфрли (…). Претседателот Путин изрази подготвеност да се врати на овој предлог доколку на заинтересираните страни им е потребен – рече тој во интервју за „Индија денес“.

Песков изјави дека Русија останува сигурен снабдувач на енергија во сегашните глобални околности.

- Advertisement -
Ad image

– Русија е сигурен снабдувач на енергетски ресурси за сите со кои соработува во оваа област – рече тој, коментирајќи ја ситуацијата на Блискиот Исток.

Русија, додаде тој, се надева дека нападите врз Иран нема да продолжат и ја осудува агресијата врз Иран.

– Москва се надева дека прекинот на огнот на Блискиот Исток ќе продолжи и дека нападите нема да бидат обновени – рече тој, додавајќи дека Москва очекува преговорите за решавање на конфликтот да продолжат.

Песков подвлече дека Русија не учествува во конфликтот околу Иран.

– Русија не е дел од оваа воена акција, ова не е наша војна – рече тој.

Песков потсети дека Русија и Кина предупредија на негативните последици од решавањето на иранското прашање со сила, како и дека конфликтот ќе има лош ефект врз безбедноста во светот.

– Негативното влијание врз светската економија продолжува без оглед на паузата во непријателствата на Блискиот Исток – изјави портпаролот на рускиот претседател.

Според него, ситуацијата во регионот на Персискиот Залив е многу комплицирана и не е сосема јасно „кој и што блокира“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation