Битолчанец прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред неговиот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да се самозадоволува, соопшти Основното јавно обвинителство Битола.
Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред неговиот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
