Кинескиот танкер кој претходно беше гонет од американски брод и нагло сврте во правец на Оманскиот Залив се враќа во Ормускиот Теснец. Вака покажуваат информациите на Марин Трафик, сајт за следење на поморскиот сообраќај.
Бродот кој пренесува 250.000 барели метанол продолжил да се движи кон Оманскиот Залив по инцидентот со американскиот брод, но потоа свртел назад кон Ормус. Сега е близу островот Кешм, а според сајтот неговата дестинација е „по наредба“ („for orders“), што значи дека бродот можеби крие каде се упатил.
Оваа пракса е стандардна за санкционирани бродови.
Дали е успешна блокадата која уште во неделата ја најави американскиот претседател откако пропадна првата рунда преговори со Иран?
Во првите 24 часа, американската војска тврдеше дека ниту еден брод не ја пробил блокадата.
– Шест бродови се вратија по наредба на американските сили – соопшти Централната команда.
Но податоците за поморски сообраќај покажаа поинаква слика. Најмалку осум бродови сепак поминале низ теснецот, меѓу нив и кинескиот танкер.
Во вторникот медиумите пишуваа дека кинескиот брод е еден од бродовите кои успеале да поминат низ Теснецот. „Рич Стари“ и неговиот сопственик, фирмата „Шангај Сјуанрун Шипинг Ко“, се ставени под санкции на САД поради водење бизнис со Иран.
Друг танкер, „Алиција“, влегол во Заливот празен и се упатил кон Ирак за товарење. Во истиот период, бродот „Агиос Фануриос I“ успеал да влезе во Заливот при втор обид.
Во средата Иран се пофали дека неговите бродови можат да поминат низ Теснецот. Според новинската агенција Фарс, ирански супертанкер кој може да носи околу 2 милиони барели сурова нафта, пловел во меѓународни води и низ Ормускиот Теснец со вклучен систем за следење, без никакво прикривање на сигналот.
Блокадата на САД создаде дополнителна неизвесност за превозниците, нафтените компании и осигурителите.
Сообраќајот остана на дел од повеќе од 130 дневни преминувања пред почетокот на американско-израелската војна против Иран на 28 февруари, соопштиле извори од индустријата во вторникот.
Иранската војска издаде предупредување дека би можела целосно да го блокира поморскиот сообраќај во Персискиот Залив, Оманското Море и Црвеното Море ако САД продолжат да ги блокираат иранските пристаништа.
Tagged as:
„Рич Стари“ е повторно во Ормускиот Теснец
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
