Најмалку четири лица се убиени, а 20 се повредени во пукотница во училиште во турскиот град Кахраманмараш.
Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, изјави дека напаѓачот бил ученик од осмо одделение.
– Напаѓачот е осмоодделенец. Неговиот татко е поранешен полицаец. Се верува дека го зел пиштолот на својот татко. Ги нападнал со огнено оружје. Еден наставник и тројца ученици се убиени. 20 лица се повредени. Нападот е во тек. Трагичен инцидент се случил во едно од нашите училишта. Добивме информации дека има повредени. Детално го истражуваме случајот – рече гувернерот.
Унлуер рече дека ученикот го скрил пиштолот на својот татко во ранецот пред да го започне нападот, објави Ројтерс.
Тој додава дека напаѓачот влегол во две училници и во тој хаос се самоубил.
Министерот за национално образование, Јусуф Текин, отпатувал во Кахраманмараш по инцидентот во училиштето во регионот.
На видеото јасно се гледаат истрели и вресоци на исплашени луѓе кои во паника бегаат од училишната зграда. Ученици и наставници трчаат надвор.
На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа како персоналот на итната медицинска помош ги лекува повредените.
Второ пукање во Турција за два дена
Ова се случува само еден ден откако поранешен ученик (19) упадна во училиште во турскиот округ Сиверек и рани 16 лица, пред да изврши самоубиство додека се обидуваше да биде уапсен.
Пукањата во училиштата се многу ретки во Турција.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
