Шеесет и четиригодишен маж бил пронајден мртов на свињарска фарма во селото Амзабегово, во близина на Свети Николе, информираше полицијата.
Според информациите од СВР Штип, случајот бил пријавен доцна синоќа, по што на местото пристигнале полициски екипи и лекар.
„На 14.04.2026 во 22:57 часот во СВР Штип – ОВР Свети Николе е пријавено дека во свињарска фарма во село Амзабегово, светиниколско, бил пронајден починат вработениот К.П.(64) од Свети Николе“, информираа од полицијата.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Од СВР Штип соопштија дека надлежните институции продолжуваат со постапката и дека повеќе детали за случајот ќе има по завршување на официјалните анализи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
