Израелската разузнавачка агенција Мосад дејствуваше „во срцето на Техеран“ за време на неодамнешната заедничка американско-израелска кампања против Иран, изјави директорот на Мосад, Дејвид Барнеа, на церемонијата по повод Денот на сеќавањето на жртвите од Холокаустот.
Барнеа истакна дека мисијата на неговата агенција во Иран е далеку од завршена, пишува „Тајмс од Израел“.
– На воздухопловните сили им обезбедивме прецизни разузнавачки информации, што овозможија напади врз ракетите што му се закануваа на Израел – рече Барнеа.
– Меѓутоа, нашата мисија не е завршена – додаде шефот на израелската агенција. „Не очекувавме ни дека ќе заврши со прекин на борбите. Интензивно го планиравме продолжувањето на кампањата за да даде резултати во периодот по нападот во Техеран“.
Барнеа рече дека одговорноста на Мосад ќе заврши „само кога ќе се замени овој радикален режим“. „Промената на режимот во Иран е наша мисија“, заклучи тој. „Нема да стоиме настрана и да гледаме додека се соочуваме со уште една егзистенцијална закана“.
Tagged as:
Шефот на Мосад ги кажа идните чекори на Израел
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
