Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Ацо Ристов ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик претседател на комисијата.
Како што соопштија од РКЕ, на средбата за примопредавање на функцијата членовите на комисијата го информирале Ристов за тековните активности на Комисијата поврзани со енергетските реформи, како и за состојбата со водните услуги и статусот на процесите поврзани со новиот сектор – комунален отпад.
-Во фокус на состанокот беше начинот како РКЕ делува во време на ценовна нафтена криза и мерките кои се преземени со цел амортизирање на ценовниот удар на нафтените деривати – велат од РКЕ.
Оттаму додаваат и дека била презентирана и временската рамка и процесот на усогласување на подзаконските акти и методологии со европското законодавство, што е обврска од новиот Закон за енергетика, како и обврските кон меѓународните институции како што е Енергетската заедница, Асоцијацијата на регулатори за вода од Европската Унија – WAREG и Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика ERRA.
Tagged as:
АЦО РИСТОВ ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА ВО РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
