Background

Брајан Кренстон имал на себе илјадници пчели, а го каснале и на најнезгодното место

Актерот Брајан Кренстон, најпознат по улогата на Хал во хумористичната серија „Малколм во средина“, сподели необична и помалку болна анегдота од раните денови на снимањето на популарната серија. Гостувајќи во емисијата „Д Лејт Шоу со Стивен Колбер“, откри детали од сцена која вклучувала – ни помалку ни повеќе – десетици илјади вистински пчели.

За време на разговорот со водителот Стивен Колбер, Кренстон се присети на епизода од првата сезона во која неговиот лик завршува покриен со пчели по една шега на децата. Како што нагласи, инсектите не биле компјутерски генерирани – станувало збор за вистински пчели, дури околу 60 илјади.

– Ги имав насекаде по телото. Во таква ситуација, не ве изненадува ако ве каснат – изјави актерот, додавајќи дека токму тоа и се случило – и тоа двапати.

- Advertisement -
Ad image

Еден убод, сепак, бил особено непријатен. Кренстон раскажа дека веднаш побарал помош од експертот на сетот, но реакцијата не била охрабрувачка.

– Му реков дека мислам дека ме касна пчела, а тој ме праша каде. Кога му објаснив точно каде, само ми рече дека сум препуштен сам на себе – раскажа низ смеа, предизвикувајќи реакција кај публиката во студиото.

За сцената да изгледа уверливо, продукцијата користела феромони од матица-пчела, кои ги нанесувале на телото на Кренстон за да го привлечат ројот. Единствено неговото лице било заштитено со репелент, за да се избегнат опасни ситуации.

Оваа приказна повторно го привлече вниманието на јавноста во пресрет на најавеното враќање на серијата преку мини-проектот „Малколм во средина – продолжение“, кој ќе биде достапен на платформата Хулу.

Кариерата на Кренстон не станала успешна преку ноќ. Започнал во театар и со мали телевизиски улоги во текот на 1980-тите, појавувајќи се во серии како „Сајнфелд“ и филмот „Спасување на војникот Рајан“.

Вистинскиот пресврт го донела улогата во „Малколм во средина“, но глобална слава стекнал како Волтер Вајт во „Брејкинг Бед“. Таа улога му донесе четири награди Еми и значително ја зголеми неговата заработка.

Според проценките, во последните сезони од серијата заработувал околу 225 илјади долари по епизода, додека во серијата „Your Honor“ добивал дури 750 илјади долари по епизода.

Покрај глумата, активен е и како продуцент, режисер и театарски уметник, добитник на наградата Тони за претставите „All the Way“ и „Network“.

Денес неговото богатство се проценува на околу 40 милиони долари, што го вбројува меѓу најуспешните телевизиски актери од неговата генерација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation