Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон „веднаш ќе почне да ги блокира бродовите што се обидуваат да влезат или излезат од Ормускиот Теснец“.
Тој додаде дека наредил американската морнарица да забрани премин на бродовите што платиле патарина на Иран.
Преговорите меѓу САД и Иран за прекин на огнот, што двете земји ги водеа во Пакистан, завршија синоќа без конкретно решение и одговор на прашањето што ќе се случи по истекот на првично договореното 14-дневно примирје.
Шефот на САД исто така ѝ се закани на Кина со царински мерки од 50 отсто за нејзините стоки доколку Пекинг му обезбеди воена помош на Иран во војната на Блискиот Исток.
– Ако бидат фатени дека го прават тоа, ќе бидат погодени со царини од 50 проценти – изјави американскиот претседател за Фокс њуз.
Трамп треба да го посети Пекинг на 14 и 15 мај, каде што ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг, откако претходно го одложи состанокот поради војната.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
