Background

КУПУВАЊЕТО НА ЗОИЛ БИТОЛА – АНЕТА ЃОРГИЕВ, ВАСКО КОВАЧЕВСКИ И АЛТА БАНКА ВО ИСТА СУМНИТЕЛНА МРЕЖА

Нова финансиска трансакција во Битола повторно ги поставува прашањата кои никој не сака да ги одговори. Осигурителната компанија ЗОИЛ  АД Битола, основана во октомври 2023 година, ја смени сопственичката структура. Купувач е Алта Банка , истата банка која неодамна ја презеде и Стопанска банка АД Битола. Станува збор за блок-трансакција во вредност од околу 1,7 милиони евра, со која новиот сопственик се стекна со 100% од акционерскиот капитал. Но прашањето кое се наметнува само по себе е: кој всушност стои зад оваа трансакција и од каде потекнуваат парите?

Пред вистината и боговите молчат: Хронологија на едно сомнително купување

Според ексклузивните информации до кои дојде редакцијата на ОхридСКАЈ, клучна улога во целата трансакција со ЗОИЛ Битола игра Анета Ѓоргиев , неизвршен член на Одборот на директори на ЗК Пелагонија АД Битола и, според наши сознанија, партнерка на Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕЛЕМ кој денес е во статус на бегалец од правдата.

Зошто целата трансакција е под лупа на крајна сомнителност? Одговорот се крие во деталите.

Анета Ѓоргиев: Една година пред купувањето веќе правела теренски ревизорски активности

- Advertisement -
Ad image

Според сознанијата на редакцијата, Анета Ѓоргиев контактирала со двајцата сопственици на ЗОИЛ Битола цела една година пред официјалното купување, претставувајќи се како потенцијален купувач со намера да ја преземе целокупната сопственичка структура.

Таа остварила повеќе посебни средби со двајцата сопственици, вршела длабинска анализа на работењето на компанијата и испраќала ревизори да ги проверуваат сметководствените документи.

Првата понуда на Ѓоргиева вклучувала плаќање на само 20% од вредноста на акциите, а остатокот да се подмири во рок од пет години. Таа понуда веднаш била одбиена. Следувале нови понуди со продолжени рокови, кои исто така биле одбиени од двајцата сопственици.

Телефонски повик од безбедносни структури: Пресвртот кој сè промени

Во битолските и осигурителните бизнис кругови во Македонија со месеци се шушкало дека Ѓоргиева ќе стане нов сопственик на ЗОИЛ Битола. Сè до пред еден месец, кога настанал драматичен пресврт.

Двајцата сопственици на ЗОИЛ Битола, секој поединечно, добиле телефонски повик од лице поврзано со безбедносните структури, со информација дека наскоро ќе бидат контактирани од претставник на Алта Банка од Белград и дека постои сериозна намера за купување на ЗОИЛ Битола.

Приватен авион, без ревизори и експресна трансакција од 1,7 милиони евра

Неколку претставници на Алта Банка пристигнале со приватен авион. За разлика од Ѓоргиева, која месеци испраќала ревизори на длабинска анализа, претставниците на Алта Банка побарале само сметководствените заклучни листови.

Образложението? „Длабинската анализа ние веќе ја имаме.”

Трансакцијата била договорена експресно , блок-купување на 60.000 акции по цена од 1.748,03 денари за акција, или вкупно 104.881.800 денари (околу 1,7 милиони евра), со кое Алта Банка стекна 100% од акционерскиот капитал на ЗОИЛ Македонија АД Битола.

Клучното прашање: Дали Ѓоргиева работела за Алта Банка или постои заедничка игра?

Фактите кои ги утврди редакцијата го поставуваат следниов логичен след на прашања:

Дали Анета Ѓоргиев, месеци пред купувањето, всушност работела теренска работа во корист на Алта Банка , собирајќи финансиски, сметководствени и оперативни информации за ЗОИЛ Битола, за да може Алта Банка потоа да дојде „подготвена” и без потреба од свои ревизори?

Или пак станува збор за заедничка игра , координирана акција во која Ѓоргиева и Алта Банка дејствувале паралелно со различни улоги кон иста цел?

Дали парите поврзани со Васко Ковачевски, обвинет за злоупотреби во ЕЛЕМ, нашле пат преку оваа трансакција? Дали е случајност тоа што лице поврзано со бегалец од правдата станува дел од зделка од 1,7 милиони евра, токму додека тој формално „се бара”, а суштински никој вистински не го бара?

Алта Банка, Андрија Вучиќ и македонскиот финансиски пазар

Алта Група, краен сопственик на Алта Банка, е широко позната по своите врски со Андрија Вучиќ, братот на српскиот претседател. Групацијата, чиј сопственик е Давор Мацура, за само неколку години порасна од сопственик на менувачница до глобален банкарски финансиски играч со банки, лизинг, осигурување и недвижности.

Во Македонија, за кратко време, Алта Група стана сопственик на:

  • Алта Банка АД Битола (поранешна Стопанска банка АД Битола) – за 24 милиони евра
  • ЗОИЛ Македонија АД Битола (наскоро Алта Осигурување) – за 1,7 милиони евра

Дали институциите на системот се свесни за она што се случува или се прават дека не се? Дали некој воопшто ќе побара одговор на овие прашања, или и овој случај ќе заврши во фиока и далеку од очите на јавноста?

Редакцијата ОхридСки продолжува да следи и истражува

Продолува – Која е Анета Ѓоргиев ,новиот македонски милионер и улогата на Орце Камчев и Финансиско друштво Фактор ИН..


Забелешка на редакцијата: Сите наводи во текстот се базираат на информации до кои дојде редакцијата. Анета Ѓоргиев, Алта Банка и останатите споменати лица имаат право на одговор .

С.Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation