Background

Од 7 до 9 мај 2026 година, платото пред Офицерски дом во Битола ќе биде домаќин на „Вински Фестивал Битола“ – фестивал посветен на виното, музиката и урбаното дружење

Од 7 до 9 мај 2026 година, платото пред Офицерски дом во Битола ќе биде домаќин на „Вински Фестивал Битола“ – фестивал посветен на виното, музиката и урбаното дружење. Во текот на три вечери, посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно селектирана музичка програма, во амбиент кој го спојува духот на градот со современа фестивалска енергија.

Програмата започнува на 7 мај (четврток) со настап на резидент диџеј од 18:00 до 20:00 часот, по што следува групата Еликсир од 20:00 до 21:30 часот. Од 21:30 до 23:00 часот настапува „Пауза за ракија“, а сцената завршува со DJ Александар Јорданов од 23:00 до 00:30 часот.

На 8 мај (петок), програмата започнува со резидент DJ од 18:00 до 19:00 часот, по што следува Сити Бенд од 19:00 до 20:00 часот. Во 20:00 часот настапува акустик бенд Џубокс, а од 21:30 до 23:30 часот е резервирано за Камерен оркестар Битола. Вечерта завршува со настап на Гоце Saff од 23:30 до 01:00 часот.

- Advertisement -
Ad image

На 9 мај (сабота), третата вечер започнува со резидент диџеј од 18:00 до 20:00 часот, продолжува со Б52 од 20:00 до 21:30 часот, потоа следува Љубојна од 21:30 до 23:00 часот, а завршува со Паркети од 23:00 до 01:00 часот.

Покрај музичката програма, посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од домашни винарии, проследени со гастрономска понуда која го надополнува целокупното искуство. Настанот е отворен за сите посетители и е наменет за оние кои сакаат добро вино, внимателно избрана музика и опуштена градска атмосфера.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation