Поранешната премиерка на Хрватска, денес писателка, Јадранка Косор имала многу тешко и трауматично детство, за кое раскажа вчера во емисија на Хрватската радио-телевизија.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Косор речиси за цело време од нејзиниот говор беше на работ на солзи и само со повремена насмевка се обидуваше да ги скрие емоциите што ѝ надоаѓаа додека раскажуваше детали од кои ретко кој може да остане рамнодушен.
Таа се присети како нејзината мајка посетувала педагошки факултет во Чаковец, каде што го запознала нејзиниот татко, професор во тоа време, чија прво вработување било таму. Татко ѝ веднаш се вљубил во нејзината мајка, а таа на почетокот не ја сфатила врската сериозно.
„Нема да дипломираш ако не се омажиш за мене“, ѝ рекол тој во една прилика, со што почнала нивната заедничка приказна, а набргу потоа се родила Јадранка Косор.
Кога имала само 6 месеци, нејзините родители ја испратиле кај нејзината баба во Липик поради проблеми во нивниот брак. Семејната ситуација била исклучително тешка. Нејзиниот татко физички ја малтретирал нејзината мајка, поради што, како што вели Косор, во еден момент сакала да исчезне од овој свет.
Многу брзо, таа огромна љубов завршила со неуспех, па нејзината мајка поднела барање за развод кога Јадранка имала 2 години.
– Тогаш последен пат го видов својот татко. Значи, не се сеќавам на него. Од најраните денови чувствував силна потреба за татковска фигура и длабоко страдав поради неговото отсуство – рече Косор.
Во Липик таа била единственото дете на разведени родители, што ја направило цел на врсничко насилство. Малтретирањето продолжило сè додека физички не се судрила со едно момче, на кое, како што вели, за малку ќе му ги извадела околото кога го удрила. После тоа, нападите престанале.
Нејзината мајка дошла да живее со неа кога Косор имала 7 години, бидејќи претходно не можела да добие преместување како наставничка.
Во Липик тие живееле во непосредна близина на жена со сериозни проблеми со менталното здравје, која често им се заканувала. Во една прилика таа ја пресретнала Косор пред училиштето со голем месарски нож, викајќи дека ќе ја заколе. Преплашена, таа истрчала дома, ги повикувала мајка си и баба си. Мајка ја спасила во последен момент, кога се нафрлила на напаѓачката и почнала да ја удира со шипка.
Кога Јадранка имала 8 години, нејзината мајка се премажлаи.
– Очајно сакав да го прифатам својот очув затоа што ми недостигаше татковската фигура. Но, знаев од првата секунда дека е лош човек – рече поранешната премиерка на Хрватска.
Очувот бил насилен кон нејзината мајка до тој степен што во една прилика, додека ја давел, бабата на Косор интервенирала со нож во раката за да ја спаси.
– Имаше многу ножеви во моето детство – додаде таа.
Особено болно сеќавање е поврзано со нејзиното куче Лола од голема мешана раса. Откако родила кученца Лола почнала да краде јајца низ соседството, што многу го налутило нејзиниот очув. Еден ден, тој ја однел на лов од каде што никогаш не се вратила. Кога се вратил дома носејќи мртви зајаци, Јадранка прашала каде е Лола, а тој одговорил: „Ја убив во шумата. Нема да дозволам кучиња да крадат јајца во соседството за луѓето да ми се жалат“.
– Тогаш го погледнав, како осумгодишно девојче, и реков: „Никогаш повеќе нема да зборувам со тебе во животот“. И така беше – рече Косор.
Кога имала 14 години доживеала уште еден трауматичен момент со очувот. Останала сама со него во куќата, а тој се вовлекол во нејзиниот кревет. Успеала да избега, истрчала надвор во ноќница и веднаш ѝ рекла на мајка си дека човекот мора да го напушти нивниот дом. Наместо веднаш да ја заштити ќерка си, мајката почнала да плаче, но Косор поставила јасен ултиматум, или таа или очувот. Ги исфрлила неговите работи во дворот и тоа бил крајот на нивната приказна со него.
По сè, мајка ѝ се разболела сериозно, се парализирала од стрес и била прикована за кревет со месеци. Ја молела Јадранка да го врати човекот, но, таа не попуштила.
– Никогаш не сум имала ништо против мајка ми. Никогаш не бевме доволно блиски за да разговараме за работите што нè мачеа – рече таа, додавајќи дека и нејзината мајка и баба знаеле што ѝ се случило, но не ѝ ја пружиле потребната поддршка.
Морала сама да помине низ сè, да ги процесира и да ги преболи траумите.
Во друга прилика Косор раскажа и дека како дете често му пипувала на татко ѝ.
– Го чекав поштарот пред куќата, чекајќи го неговиот одговор. Поштарот ми мавташе од далеку дека нема ништо за мене. Потоа еден ден дојде и почна да мавта со голем жолт плик кон мене. Ми рече дека е од Чаковец. Го скрив пликот од баба ми. И отидов во мојата соба да го отворам. Во големиот жолт плик беа сите мои писма што му ги испратив на татко ми. Беа неотворени… Тогаш сфатив дека не му значам ништо на татко ми. Апсолутно ништо. Оттогаш, повеќе не зборував за него – рече таа.
Пред матурската забава, му пишала дека е најдобра во генерацијата, одлична ученичка и прикачила фотографија.
– Пишував дека би било добро да дојде, дека му го нудам ова како еден вид „договор“ по сите неотворени писма, да дојде да танцува со мене и дека никогаш повеќе нема да има никаква обврска кон мене. Навистина бев убедена дека ќе дојде. Дојде матурската вечер, гледав кон таа врата. Мајка ми сфати и беше многу навредена. Ми рече „Го повика по сè што поминавме“. Бев убедена дека ќе се појави, ама не дојде. Кога станав премиерка новинарите го прашаа за мене, а тој им рече: „Не сакам да зборувам за таа личност“ – рече Косор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
