Background

Муцунски на форум на Атланскиот совет во Вашингтон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон, учествуваше и се обрати на настан организиран од Атлантскиот совет, посветен на трансатлантските приоритети на Република Северна Македонија.

Во своето обраќање, министерот Муцунски ги истакна клучните надворешнополитички приоритети на државата, нагласувајќи ја посветеноста кон зајакнување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, како и активната улога на државата како доверлив безбедносен партнер во рамки на НАТО и регионот.

Тој се осврна и на напорите за унапредување на економската соработка, вклучително и тековните иницијативи за продлабочување на билатералните трговски односи со САД.

- Advertisement -
Ad image

Во контекст на европската интеграција, Муцунски ја реафирмираше стратешката определба на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, при што укажа на предизвиците поврзани со билатералните прашања и ја нагласи потребата од кредибилен и предвидлив процес на проширување.

Дополнително, беа потенцирани приоритетите за зајакнување на регионалната соработка и стабилноста на Западен Балкан, како и значењето на трансатлантското партнерство во справувањето со современите безбедносни и геополитички предизвици.

Настанот се одржа во рамки на иницијативата „Balkans Forward“ на Атлантскиот совет, со учество на претставници од политичкиот, академскиот и аналитичкиот сектор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation