Background

Taтко и синови нападнале вработени на гробиштата во Бутел

Со боксови, нож и гасен пиштол, татко и неговите два сина вчера физички нападнале две лица на нивното работно место во „АД Гробишта Бутел“, при што на оштетените им биле нанесени повеќе телесни повреди и во јавноста било предизвикано чувство на страв и несигурност.

Како што соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје, против тројцата поведена е постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело насилство.

Според наводите, инцидентот се случил на 7 април 2026 година, а мотив за нападот била одмазда. Осомничените, дејствувајќи во група, ги пресретнале оштетените на нивното работно место, почнале да ги навредуваат и физички да ги напаѓаат. Во текот на пресметката замавнувале со нож, а во еден момент првиот осомничен извадил гасен пиштол, со кој го удрил еден од нападнатите во главата, при што пиштолот испукал.

- Advertisement -
Ad image

Од применетото насилство, двајцата оштетени се здобиле со повеќе телесни повреди.

За тројцата осомничени, односно таткото и неговите синови, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, но и на тоа дека тие се во можност да вршат нови кривични дела.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation