Background

Австралиската „Пела Глобал“ која има концесија за рудникот истражува и злато сребро и бакар во регионот

Австралиска компанија за рударство на критични и скапоцени метали „Пела Глобл“ (Pela Global) која го води проектот за антимон и злато, во земјава и институцијата за финансирање на развој на американската влада (DFC) денеска потпишаа договор за финансиска поддршка во износ од 5 милиони долари, наменети за истражување на критични минерали во Македонија.

Како што соопшти Министерството за енергетика, финансиската поддршка претставува конкретен чекор во насока на развој на потенцијалот на критичните минерали, како значаен сегмент од современите енергетски и индустриски политики.

-Со овој договор се отвораат можности за понатамошни инвестиции, истражувања и технолошки развој, во согласност со глобалните трендови за обезбедување алтернативни извори на критични суровини и претставува значаен сигнал за зголемен интерес за инвестирање во секторот на критични минерали во Македонија и дополнително ја потврдува стратешката соработка со САД во областа на енергетиката и ресурсите – велат од Министерството за енергетика и рударство.

- Advertisement -
Ad image

Договорот го потпишаа Конор Колман, раководител на инвестиции во DFC и Ник Јовановски, извршен директор на Pela Global Limited.

На настанот присуствуваше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Настанот се реализираше во рамки на официјалната посета на владината делегација на Соединетите Американски Држави, при што претходно беше одржана билатерална средба со раководството на DFC, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и поддршка на конкретни проекти.

Информацијата ја објави и компанијата „Пела Глобал“ има концесија за истражување и експлоатација на антимон во реонот на селото Луке во општина Крива Паланка.

Според она што го пишува на интернет страната на компанијата главни проекти на компанијата се рестартирање на рудникот антимон Крстов Дол и проектот Самар Голд во Македонија. Првиот е за експлоатација на антимон, а вториот за истраги и експлоатација на злато, сребро, олово, цинк и бакар.

„Преку проекти како тој за рестартирање на рудникот за антимон во Крстов Дол, имаме за цел да обезбедиме доверлив, стабилен и сигурен алтернативен извор на критични минерали за да ја подобриме отпорноста на глобалниот синџир на снабдување“, пишува во образложението на работењето на компанијата.

„Пела Глобал“, како што се наведува, не  котира на австралиската берза, но има намера да се појави таму.

Рудникот за антимон  Крстов Дол беше затворена во 1981 година поради ниските цени на антимонот. Според достапните податоци од овој рудник претходно биле извадени приближно 50.000 тони руда, а историскиот ресурс изнесува 2,92 милиони тони со резерви од дополнитлени количини во неистражените паралелни структури.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека истражните дејствија на проектот се при крај и очекува наскоро рудникот да биде отворен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation