Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, како дел од македонската делегација учествуваше на Стратешкиот дијалог со САД, кој се одржа вчера во Стејт департментот во Вашингтон.
Андоновски истакна дека соработката со Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација е клучна и од особено големо значење.
– Драго ми е што нашиот стратешки партнер САД ги препозна дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста како едни од клучните компоненти на нашата соработка. Ние веќе соработуваме, имајќи предвид дека во рамките на Министерството за дигитална трансформација имаме експерт од САД, кој е одговорен за унапредување на нашата меѓусебна соработка – рече Андоновски во изјава за ТВ Сител.
Министерот најави и меморандум со кој оваа соработка со САД во областа на сајбер-безбедноста дополнително ќе се унапреди, преку поддршка на владините институции.
– Освен што договараме сеопфатен меморандум за соработка помеѓу двете држави во овие две области, можам да кажам дека ќе продолжи и поддршката за владините институции, пред сè, во изградбата на владиниот центар за одговор на сајбер-инциденти, неговото опремување со хардвер и софтвер, но и во заштитата на сите критични системи – заклучи Андоновски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
