По повод големиот христијански празник, Воскресение Господово- Велигден, утре (Велики четврток) со почеток во 11:00 часот, на плоштад „Вангел Наумоски” (Мини маркет) ќе се одржи традиционалниот Велигденски базар којшто има хуманитарен карактер.
Настанот е во организација на Општина Охрид и ЈП „Градски пазар”, а има за цел да го збогати празничниот дух во градот, да ја поттикне креативноста кај најмладите и да ја афирмира хуманоста, солидарноста и заедништвото.
На базарот ќе бидат поставени изложбени штандови на основните и средните училишта, ЈОУДГ „Јасна Ристеска”, Младинскиот центар Охрид, ОО на Црвен крст – Охрид, занаетчии, ракотворци, како и производители на традиционална храна и пијалоци. Пред посетителите ќе бидат презентирани велигденски изработки, креативни ракотворби, ученички творби и хуманитарни активности.
Предвидена е и богата културно-уметничка програма со настапи на децата згрижени во детската градинка , основните училишта, како и фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од Охрид.
Дел од собраните средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, како симбол на солидарност, љубов и грижа за заедницата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
