Background

ЦЕНАТА НА АВИОНСКОТО ГОРИВО ЌЕ ОСТАНЕ ВИСОКА

Месеци ќе бидат потребни за да се обнови снабдувањето со авионско гориво и да се нормализираат нарушувањата во рафинериските капацитети на Блискиот Исток, дури и доколку биде отворена Ормускиот теснец, изјави директорот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), Вилијам Волш.

Цената на нафтата падна под сто долари за барел откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти двонеделно примирје со Иран условено со итно и безбедно повторно отворање на Ормускиот теснец низ која вообичаено поминува околу една петтина од светската трговија со нафта.

Волш пред медиумите во Сингапур изјави дека иако очекува пад на цените на суровата нафта, трошоците за авионско гориво, најверојатно, ќе останат благо зголемени поради влијанието врз рафинериите.

- Advertisement -
Ad image

-Доколку повторно се отвори и остане отворен, мислам дека и понатаму ќе бидат потребни месеци за да се вратиме на потребното ниво на снабдување имајќи ги предвид нарушувањата во рафинериските капацитети на Блискиот Исток, кои се клучен дел од глобалното снабдување со рафинирани производи – изјави Волш.

Авиокомпаниите во Азија ги намалуваат летовите, превезуваат дополнително гориво од матичните аеродроми и додаваат нови локации за дополнување гориво бидејќи конфликтот на Блискиот Исток го намалува снабдувањето со керозин, што дополнително врши притисок врз индустријата веќе погодена од двојно зголемените цени.

Притисокот досега е најизразен на пазарите со пониски приходи и зависни од увоз, како Виетнам, Мјанмар и Пакистан, откако Кина и Тајланд го запреа извозот на авионско гориво, а Јужна Кореја го ограничи на нивото од минатата година.

Доколку суровата нафта повторно почне да тече, „би сакал да верувам“ дека Кина, како и Јужна Кореја, повторно ќе го обнови извозот на рафинирани производи, истакна Волш.

– Капацитетите на рафинериите ќе бидат достапни кога суровата нафта повторно ќе почне да тече, но ќе биде потребно време. Изразената разлика меѓу цената на суровата нафта и на рафинираното авионско гориво ќе ги поттикне рафинериите да го зголемат производството на авионско гориво – рече тој.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation