Background

АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ АКТИВНО УЧЕСТВУВАЛ ВО ПРЕГОВОРИТЕ

Врховниот лидер на Иран Моџтаба Хаменеи им дал инструкции на своите преговарачи да постигнат договор со САД, што резултира со двонеделно примирје и повторно отворање на Ормуската Теснина – објави американскиот политички портал „Аксиос“, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.

Како што се наведува во анализата на „Аксиос“, додека американскиот претседател Доналд Трамп јавно се закануваше со целосно уништување на Иран, зад сцената се водела интензивна дипломатска активност.

Американските и израелските сили биле подготвени за масивна кампања на бомбардирање на иранската инфраструктура во мигови кога посредници од Пакистан, Египет и Турција координирале измени на иранските предлози.

- Advertisement -
Ad image

Врховниот лидер Хаменеи активно учествувал во процесот. Тој комуницирал преку курири поради заканата од атентат, а неговото зелено светло овозможило постигнување на договорот. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи играл клучна улога во водењето на преговорите и во убедувањето на раководството на Исламската револуционерна гарда да се прифати договорот.

По разговорите со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и пакистанскиот армиски маршал Асим Мунир, Трамп го прифатил двонеделното примирје. Американските сили добиле наредба за повлекување 15 минути по објавата.

Договорот предвидува отворање на Ормуската Теснина за бродови во координација со иранските сили, но остануваат нејасни деталите за обемот на бродскиот сообраќај и колку израелскиот премиер ќе се придржува кон прекинот на огнот.

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс треба да ја предводи американската делегација на следните разговори во Пакистан најавени за петок. Сè уште постојат значајни разлики меѓу американската и иранската визија за долгорочен договор, што остава можност за продолжување на конфликтот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation