Background

НАД 80 ОТСТО ОД ПАЦИЕНТКИТЕ ДОЦНА ОТКРИВААТ ДЕКА ИМААТ РАК НА ДОЈКА ИЛИ НА МАТКА

Дури 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежните стадиуми на болеста, што упатува на заклучокот дека повеќето од случаите не се откриваат во рана фаза како очекуван резултат од организиран државен скрининг, соопшти Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Од ДЗР наведуваат дека дека извршиле ревизија на успешност на програмите за рана детекција на малигни заболувања, со цел да се даде одговор на прашањата: дали програмите за рана детекција и скрининг обезбедуваат соодветна покриеност на целната популација и квалитетна и навремена дијагностика и дали резултираат со рано откривање малигни заболувања на дојката и на грлото на матката и намалување на морталитетот?

Со ревизијата се опфатени активностите поврзани со планирањето и спроведувањето на програмите за скрининг на рак на грлото на матката и рак на дојката во периодот од 2021 година до 2024 година, а одредени прашања и настани се опфатени пред и по овој период.

- Advertisement -
Ad image

Во периодот 2021-2024 година се направени вкупно 20.946 скрининг-мамографии на жени на возраст од 40 до 69 години во двегодишен циклус во повеќе мамографски центри. Скринингот на рак на грлото на матката, пак, се спроведува со ПАП-тестови кај жени на возраст од 21 до 59 години во тригодишен циклус. Во периодот 2022-2024 година матичните гинеколози зеле вкупно 130.093 примероци за ПАП-тест.

Опфатот на скринингот на рак на дојката се движи од 0,8 до 5,4 отсто, а кај скринингот на рак на грлото на матката од 10,3 до 15,5 отсто од целната популација, што е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг. Со постојниот опфат не може да се очекува доволен ефект во раното откривање на болеста, се наведува во извештајот на ДЗР.

Скрининг-програмите се реализираат континуирано, но опфатот на целната популација е ограничен и не обезбедува значајни популациски ефекти. Одѕивот на поканетите жени не може целосно да се оцени поради недостиг на целосни податоци за бројот на испратени покани и бројот на жени што се одѕвале на скринингот, се потенцира во извештајот.

„Програмите за скрининг се донесуваат на годишна основа, без воспоставена долгорочна стратешка рамка, која би обезбедила континуитет и стабилност во дефинирањето на целната популација, опфатот и интервалите за скрининг, како и долгорочно планирање на потребните ресурси и капацитети. Во анализираниот период се забележуваат промени во содржината на програмите, во опфатот и во поставените приоритети, кои не се секогаш засновани на анализи на капацитетите и очекуваните здравствени ефекти, што ја отежнува оценката на оправданоста и
ефективноста на преземените мерки. Целите и индикаторите за успешност не се утврдени конзистентно, а во голем дел се фокусирани на обемот на активности, наместо на ефектите“, се вели во извештајот на ДЗР.

Финансиското планирање, се додава во извештајот, се врши во рамки на ограничени буџетски средства на годишно ниво, без јасна врска помеѓу ресурсите, планираниот опфат и очекуваните
резултати, што ја отежнува оценката на ефективноста на програмите и нивниот придонес кон раното откривање на малигните заболувања.

„Во врска со навременоста и квалитетот на дијагностиката, не се утврдени временски рокови од реализирање на скрининг до издавање на резултатите, ниту протоколи за известување на жените. Кај мамографскиот скрининг резултатите во просек се издаваат по околу 25 дена, а кај значителен број жени и по повеќе од 60 дена, додека кај скринингот за рак на грло на матка, дел од примероците за ПАП тестови се анализираат со значително доцнење“, се вели во ревизијата.

Понатамошното постапување по скрининг за рак на дојка, особено кај жените со сомнителни или позитивни наоди, во значителен дел е поврзано со работата на Кабинетите за дојка, кои претставуваат важна алка во дијагностичкиот и во терапевтскиот процес.

Во дел од јавните здравствени установи ограничените кадровски и организациски капацитети влијаат врз динамиката на закажувањето и врз реализацијата на дополнителните дијагностички постапки и третман. Зголемениот обем на активности поврзани со скринингот во одредени случаи влијае врз достапноста на редовните дијагностички и контролни прегледи во радиолошките оддели, при што во дел од јавните здравствени установи е евидентирано намалување на бројот на редовни термини“, објави Државниот завод за ревизија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation