„Дизелот на светските берзи се зголеми над 10 отсто. Интервенцијата на Владата, со намалување на 4 денари за акцизата по литар дизел придонесе да не биде многу повисока цената од онаа која што ја имаме сега“.
Вака истакна Малиша Станковиќ, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ тема на Телма телевизија, се наведува во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Станковиќ посочи дека државата не може да биде изолирана од глобалните процеси, особено поради случувањата на Блискиот Исток и нагласи дека мерките коишто ги презема Владата, односно намалување на акцизите и продолжување на понискиот ДДВ предизвикуваат конкретни резултати. Тој додаде дека Владата останува посветена да го заштити животниот стандард на граѓаните.
– Треба да сме свесни дека сепак ова е една криза која што не се случува само на Република Македонија, се случува на целиот свет и преку мерките коишто ги презема Владата ја контролираме ситуацијата во која што се наоѓаме. Сепак, во Македонија се вози најевтин дизел и најевтини бензини, и воопшто нафтените деривати се најевтини во целиот регион. Така што, сметам дека ја контролираме ситуацијата и мерките на Владата веќе предизвикуваат конкретни резултати – дециден е Станковиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
