Background

„ТУРСКИ ТЕК“ Е ЦЕЛ НА НАПАДИ СО ДРОНОВИ И ОБИДИ ЗА САБОТАЖА

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто вчера изјави дека во последните недели десетици дронови го нападнале гасоводот „Турски тек“, преку кој се снабдува Унгарија, и додаде дека во таа серија напади имало и обид за напад и саботажа што бил спречен од српските власти, пренесе „Вјести“.

– Во последните недели, десетици дронови го нападнаа гасоводот „Турк стрим“, кој ја снабдува Унгарија, во Русија. Во оваа серија напади спаѓа и обид за напад и саботажа што беше спречен од Србите – рече Сијарто во видео на „Фејсбук“ по состанокот на Советот за одбрана што го свика премиерот Виктор Орбан.

Сијарто додаде дека за време на состанокот на Советот за одбрана, унгарскиот премиер наредил унгарскиот дел од гасоводот Турски тек да биде ставен под воена заштита. Според него, Русија, Турција и Србија исто така се договориле да ја засилат физичката заштита на гасоводот.

- Advertisement -
Ad image

Сијарто го опиша ова како „обид за терористички напад“, за кој рече дека е „дел од серија активности насочени кон спречување на испораката на руска нафта и гас во Европа“ и дека претставува сериозен напад врз суверенитетот на неговата земја.

Српските власти вчера објавија дека пронашле експлозивни направи во близина на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

„Турски тек“ е гасоводен систем за транспорт на природен гас од Русија до Турција преку Црното Море, а потоа и кон делови од југоисточна и централна Европа. Системот беше пуштен во работа на почетокот на 2020 година и оттогаш стана еден од важните правци за испорака на руски природен гас во регионот, вклучително и за земји како Унгарија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation