Патничкиот воз „Интер Реџио“, на релација Суботица – Белград, излетал од шините по тргнувањето од железничката станица во Бачка Топола, објавија локални медиуми.
Возот, според распоредот, тргнал во 9:19 часот наутро, дури не стигнал ни до првата станица, нагло закочил на свртницата пред Ловќенац и излетал од шините.
Јавното претпријатие „Србијавоз“ објави на својата веб-страница дека во 9.27 часот имало привремен прекин на железничкиот сообраќај на станицата Ловќенац-Мали Иѓош, додавајќи дека истрагата е во тек.
Ова не е прв инцидент на пругите во Војводина. Само пред три дена излета воз од шините на линијата Суботица-Сегед. Локални политичари предупредуваат дека наместо ветеното модерно и безбедно патување, за што биле издвоени милиони евра народни пари, граѓаните добиле железница што стана зона на висок ризик пред практично да започне со целосна работа.
– Уште колку инциденти мора да се случат пред некој да поднесе оставка или да биде кривично одговорен прашува Роберт Шебек, пратеник во Собранието на Автономната покраина Војводина, во пратеничко прашање до министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура Александра Софронијевиќ и одговорните во „Железничка инфраструктура“ во „Србијавоз“.
Tagged as:
ИЗЛЕТА ОД ШИНИ ВОЗ НА ПРУГАТА СУБОТИЦА-БЕЛГРАД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
