Background

Мицкоски за состојбата на пазарот со деривати

 Состојбата во овој момент е стабилна, имаме стратегија и граѓаните и бизнисот не треба да бидат загрижени и да стравуваат зашто има обезбедени количини на нафта и деривати и во овој момент нема потреба од какво било ограничување, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција на која соопшти дека со одлука на вонредна седница на Владата денеска се намалени акцизите за дизелот и за безоловниот бензин и се продолжува траењето на намаленото ДДВ од 18 на 10 отсто за горивата до крајот на кризната состојба.

Мицкоски посочи дека потрошувачката минатата недела достигнала рекордни 2 милиона литри на ден (околу 75 проценти дизел и околу 25 проценти безоловен бензин) и дека, рече, е жесток притисокот на северната, западната и на јужната граница каде што потрошувачката на одредени бензински пумпи е и триплирана затоа што граѓани од други држави доаѓаат да ги полнат резервоарите.

-Во овој момент нема потреба од какво било ограничување бидејќи во разговор со трговците и со снабдувачот добив уверување дека нема опасност да бидат загрозени домашните потрошувачи, иако од 1,5 милион конзумот (потрошувачката) е зголемен на 2 милиони литри на ден. Се надевам дека така и ќе остане и дека сето тоа што се случува во (Персискиот) Заливот ќе престане и состојбата во светот ќе се нормализира, односно режимот во Иран ќе претстане да го опструира природното право на трговија на земјите од Заливот и навремено снабдување на останатите потрошувачи со нафта и нафтени деривати од Заливот – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

На прашање дали се очекува зголемен притисок на нашите бензинските пумпи од странски државјани, тој одговори дека се очекува дополнителен притисок од Србија кога таму пред Велигден ќе  заврши двонеделниот регулиран период, како и од тоа какви ќе бидат цените на берзите од вторник. Притоа посочи дека неколку аеродроми од соседни земји од Македонија  добиваат керозин, како на пример аеродромот во Приштина кој целосно се снабдува со керозин од нашата земја.

Нагласи дека како држава до овој момент се справуваме онака како што очекуваат граѓаните од Владата и дека покажуваат  проактивност наместо ретроактивност.

– Носиме мерки, ја следиме ситуацијата, предизвиците ги решаваме на дневна однова, а за големи предизвици ќе имаме одлуки и план и стратегија, истакна Мицкоски, нагласувајќи дека цената на горивата кај нас е најниска во регинот, па и во Европа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation