Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен повик за ваучери за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година.
Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.
Како што е најавено, процесот на аплицирање ќе се одвива целосно електронски, преку веб-страницата на Министерството www.aplikanti.energy.gov.mk, со што значително се поедноставува постапката за граѓаните.
-Наместо досегашното доставување документи во хартиена форма и чекање пред архиви, апликантите ќе можат да го завршат целиот процес онлајн – брзо, едноставно и без непотребни административни бариери. Ова претставува конкретен чекор кон дигитализација и модернизација на јавните услуги, со јасна цел – институциите да бидат поблиску до граѓаните и нивните реални потреби. Начинот на аплицирање ќе биде детално објаснет и јавно достапен, за да се обезбеди еднаков пристап за сите заинтересирани- велат од Министерството за енергетика.
Според објавата, ќе се доделуваат на ваучери за набавка и вградување на инвертер клима уреди со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+..
Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.
Право на учество имаат:
Едно лице може да поднесе само едно барање по домаќинство, не се опфатени лица кои користат цивилна или воена инвалиднина, корисници на гарантирана минимална помош и додаток за енергенси
Изборот на корисници ќе се врши врз основа на уредни и комплетни апликации, сè до исцрпување на предвидените средства, а Министерството по службена должност ќе врши проверка на податоците преку надлежните институции. Листите на корисници и донесените решенија ќе бидат јавно објавени и доставени по електронски пат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
