Контејнерски брод во француска сопственост успеа да помине низ Ормузскиот теснец, првпат по почетокот на војната кога рутата речиси беше затворена. Станува збор за редок премин на брод поврзан со Западна Европа.
Бродот „CMA CGM Kribi“ испловил од водите кај Дубаи и се движел по иранскиот брег, додека сигнализирал отворено, а утрово бил регистриран во близина на Мускат.
Пловидбата се одвивала низ каналот меѓу островите Кешм и Ларак, рута што укажува на координација со иранските власти. Две лица запознаени со ситуацијата потврдиле дека бродот успешно го минал теснецот.
Сообраќајот во оваа зона е речиси запрен повеќе од еден месец, а досега минувале само бродови од земји со добри односи со Техеран.
Се воспоставува систем во кој Иран дава дозвола за движење на бродови по својот брег. Пакистан веќе обезбедил премин за 20 бродови, додека дел од азиските земји исто така договориле безбедни рути.
Европските држави започнале дипломатски напори, но засега нема конкретен резултат.
Иран презема чекори за зајакнување на контролата врз Ормуз. Техеран неодамна одобри нацрт-закон за воведување патарина за премин. Ова предизвикува загриженост кај земјите од Заливот и глобалните енергетски пазари.
Во исто време, следењето на бродовите е отежнато поради блокирање на сигналите и лажни локации во регионот.
– Секоја провокативна акција од страна на агресорите и нивните поддржувачи, вклучително и во Советот за безбедност на Обединетите Нации, ќе ја комплицира ситуацијата – порача министерот за надворешни работи на Иран Абас Арагчи.
Тој предупреди дека притисоците врз Иран само ќе ја влошат кризата во Теснецот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
