Background

Цените на лебот и пецивата засега остануваат стабилни и нема да има поскапување најмалку до крајот на април

Цените на лебот и пецивата засега остануваат стабилни и нема да има поскапување најмалку до крајот на април, беше заклучено на состанокот во Министерство за економија со претставници на мелничко-пекарската индустрија.

Според учесниците, цените не се зголемени во 99 отсто од државата, а компаниите од секторот се договориле да ги задржат на сегашното ниво и во наредниот период. Состојбата ќе се следи континуирано, а доколку има промени на пазарот ќе се прават дополнителни анализи.

На состанокот присуствувале претставници на Стопанска комора на МакедонијаСојуз на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, како и заменик-министерот за економија Марјан Ристески и директорот на Државен пазарен инспекторатВлатко Стојкоски.

- Advertisement -
Ad image

Од Министерството и индустријата нагласуваат дека заеднички ќе ја следат ситуацијата, особено во однос на движењето на цените на нафтата и енергенсите. Доколку дојде до влошување, ќе се бараат мерки за да се спречи раст на цените во овој сектор.

Претставниците на мелничко-пекарската индустрија апелираат и до медиумите и политичките чинители да не се создава паника кај граѓаните со шпекулации за поскапување, бидејќи тоа може да предизвика дополнителна несигурност на пазарот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation