Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок.
Од вкупниот број регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68,2% во споредба со февруари. Најголемиот број прекршоци се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на месецот се регистрирани дури 941 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола.
Изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 16,7% во однос на минатиот месец. Од нив 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.
Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесат за посигурни и побезбедни патишта.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
