Русија нема да испорачува нафта на земјите што воведоа ограничување на цената, изјави заменик-министерот за надворешни работи Андреј Руденко во интервју за рускиот весник „Известија“.
Тој рече дека Москва ќе ги базира своите одлуки за можните испораки врз основа на состојбата на односите со поединечните земји.
– Енергетските пазари во моментов се многу нестабилни, со недостиг на понуда и скокови на цените. Русија нема да продава нафта на земјите што воведуваат ограничување на цената на руските барели- рече рускиот функционер, осврнувајќи се особено на Јапонија, која досега не покажа интерес за купување.
Групата Г7, ЕУ и Австралија во февруари 2023 година, поставија ограничување на цената за руските деривати од 45 долари за барел за тешко гориво и 100 долари за барел за лесни горива, како што се бензинот и дизелот.
-Јапонската влада се обврза да воведе ограничување на цената за руската нафта. Тоа е антипазарна мерка што ги нарушува синџирите на снабдување – нагласи рускиот функционер во интервју.
Во средината на март, Вашингтон привремено ги укина санкциите врз руската нафта за да ги подобри испораките, бидејќи војната меѓу САД и Израел против Иран предизвика прекини во снабдувањето од регионот на Персискиот Залив.
Тајланд, Филипините, Индонезија и Шри Ланка во последните недели се распрашуваа за руската нафта, според официјални лица и извештаи на медиумите. Јужна Кореја вчера потврди дека увезла 27.000 тони нафтени производи што се користат во производството на петрохемикалии и пластика од Русија.
Во меѓувреме, руската влада посочи дека планира на 3 месеци целосно да го забрани извозот на бензин од 1 април, објавува агенцијата Интерфакс.
Членките на Г7 се САД, Јапонија, Канада, Германија, Франција, Италија и Велика Британија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
