Украинскиот претседател предложи можност за велигденско примирје, но Кремљ реагираше студено и без подготвеност за таков чекор.
– Во изјавите на Зеленски што ги прочитавме, не видовме никаква јасно формулирана иницијатива во врска со велигденското примирје – изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Русија не се залага за краткорочни прекини, туку за сеопфатен мировен договор.
– Зеленски мора да преземе одговорност и да донесе соодветна одлука за да постигнеме мир, а не само примирје – додаде Песков.
Зеленски претходно изјави дека Украина е подготвена да ги намали нападите врз рускиот енергетски сектор, но само ако Русија престане со напади врз украинската инфраструктура.
Тој посочи дека вакви сигнали дошле и од сојузниците, особено поради растот на цените на енергијата на глобално ниво.
Во интервју за „Аксиос“, Зеленски предупреди дека продолжениот конфликт на Блискиот Исток, особено со Иран, може да ѝ одговара на Русија.
– Сигурен сум дека Русија сака долга војна. Тие имаат придобивки. САД се фокусираат на Блискиот Исток и може да ја намалат помошта за Украина – рече Зеленски.
Тој додаде дека руската економија добива поттик од високите цени на нафтата и од делумното олеснување на санкциите.
Зеленски тврди дека Украина споделила разузнавачки информации со партнери од Блискиот Исток за руската поддршка на Иран.
Според него, Москва обезбедува сателитски податоци и оперативно искуство, што може да се користи против западни цели.
Од Кремљ исто така стигна предупредување дека ќе одговори ако други земји ѝ дозволат на Украина да користи нивен воздушен простор за напади со дронови.
– Доколку се отстапи воздушен простор за непријателски активности против Руската Федерација, ќе преземеме соодветни мерки – изјави Песков.
Руската армија, според него, внимателно ја следи ситуацијата и подготвува одговори.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
