Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека воената кампања на САД и Израел против Иран би можела да има посилно влијание врз Европа отколку пандемијата на ковид-19.
На заедничка прес-конференција во Берлин со сирискиот претседател Ахмед ал-Шар, Мерц повика на брз крај на конфликтот и истакна дека ескалацијата може да предизвика сериозни економски последици за Германија и пошироко за Европската Унија.
– Доколку оваа војна се прошири во голем регионален конфликт, таа би можела да ги оптовари Германија и Европа уште повеќе отколку што доживеавме за време на пандемијата на ковид-19 или на почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година – рече Мерц.
Канцеларот додаде дека разговарал со сирискиот претседател за последните случувања на Блискиот Исток и за опасностите од продолжен конфликт.
– Претседателот ал-Шара го дели нашиот скептицизам во врска со стратешките цели на оваа војна. Се надеваме дека ќе најдеме начини да разговараме со владите на САД и Израел за што поскоро да ја завршиме оваа војна. Следните денови и недели ќе покажат колку тоа е можно – додаде Мерц.
Германскиот канцелар повтори дека долгогодишниот спор околу нуклеарната програма на Иран и дестабилизирачките активности на Техеран не може да се реши само со воени средства, нагласувајќи дека дијалогот и дипломатијата се неопходни за да се спречат сериозни последици по регионалната и глобалната економија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
