Денес, во присуство на семејството и роднините, на селските гробишта во Долно Лакочереј крај Охрид беше погребан Климе Митрески (76), жртва на злосторство сторено од користољубие. Покојниот почина на 27 март 2026 година, а испраќањето беше организирано денес, 30 март, од 12:00 до 12:30 часот, со литургија во црквата „Св. Недела” во Долно Лакочереј.
Според достапните информации, Митрески беше убиен во неговиот дом во Охрид од страна на Живко Грозданоски, кој по злосторството заврши во притвор. Мотивот за убиството, според сознанијата, е користољубие. Сепак, со текот на времето, случајот речиси целосно исчезна од јавниот дискурс , ниту медиумите, ниту пошироката јавност повеќе не споменуваат за овој крвав и суров чин.
Она што го прави овој случај уште потресен е фактот дека покојниот Климе Митрески, некој период пред да се случи трагедијата, преку социјалната мрежа Фејсбук објавил рачно напишана порака , порака која денес звучи како пророштво и болна исповед на човек кој чувствувал дека е предаден од оние до кои му е најмногу стало.
Целата рачно напишана порака, напишана со неговата рака, гласи:
„А најмалку, kako луѓе — вие сè изроди јончески, све што до сега успеав и од срце ви го пружив и дадов ,нека ви е алал. Тука, во овој момент, сè завршува. За ништо не се каам, а ниту жалам — сè нека ви е алал.
да ве колнам —,не можам, а и не сакам , татковата клетва е многу лоша.
Само ќе ви кажам, бидете здрави и живи и да дочекате од вашите деца да ви го паревет истото што вие мене ми го прравите. Господ, единствениот и семоќниот, гледа сè и наплаќа за сè — Фала Му — Слава Му — Амин.
А вашата мајка, проклета да биде — и на овој свет, а и на другиот — Господов — за да се маичи и гледа и трага, за да не и се знае — Амин.
Повеќе еден за друг не постоење.”
— Климе“

Пораката, иако тешко читлива и напишана во момент на длабока болка, го открива духовниот и емоционалниот свет на еден човек кој се чувствувал напуштен, предаден и оставен сам во своите последни денови. Наместо омраза , тој се повикал на Господа. Наместо клетва , се откажал од неа. Но болката не можела да се сокрие.
Убиството на Климе Митрески е пример за случај кој заслужува многу повеќе внимание и правно, и јавно. Сторителот е во притвор, но правдата бара повеќе од тоа: бара и сеќавање, и должна почит кон жртвата, и јасна порака дека такви злосторства не смеат да бидат заборавени.
Семејството и роднините му оддадоа последна почит со длабока тага, опишувајќи го Климе како „благородно срце” татко и дедо кого засекогаш ќе го паметат.
Охридскај
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
