Background

35-годишен жител на Тетово пријавил дека останал без своето возило откако му го позајмил на познаник, кој наместо да го врати, го оставил кај механичар, а потоа автомобилот завршил на отпад

35-годишен жител на Тетово пријавил дека останал без своето возило откако му го позајмил на познаник, кој наместо да го врати, го оставил кај механичар, а потоа автомобилот завршил на отпад.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 29 март околу пладне во СВР Тетово. Оштетениот навел дека неговиот познаник А.Х. побарал да му го позајми неговото возило „BMW“, по што го известил дека автомобилот наводно се расипал и бил оставен кај механичар.

По неколку дена безуспешни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, сопственикот на 28 март се соочил со механичарот. Тој му признал дека автомобилот го однел на отпад во селото Слатино.

- Advertisement -
Ad image

Кога сопственикот го пронашол автомобилот, тој бил оштетен. Од сопственикот на отпадот добил информација дека возилото било купено токму од механичарот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation