Background

Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови поврзани со операцијата „Епски бес“ против Иран

Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови поврзани со операцијата „Епски бес“ против Иран. Одлуката, според шпанскиот весник „Паис“, се повикува на воени извори и директно ја отежнува логистиката на САД и Израел.

„Затворањето на воздушниот простор ја комплицира операцијата“, наведуваат извори, посочувајќи на нови рути и зголемен ризик.

Мерката опфаќа повеќе нивоа. Не се дозволува користење на базите Рота и Морон за борбени и танкер-авиони поврзани со нападите. Забранети се и прелети на американски авиони стационирани во други европски земји.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, редовните мисии и логистичката поддршка за американските сили во Европа продолжуваат без промени, наведува весникот. Базите Рота И Морно обезбедуваат логистичка поддршка за приближно 80.000 американски војници распоредени во Европа.

Шпанската одлука не ја запира операцијата, но ја забавува и ја прави посложена. Наместо директен пристап преку Шпанија, авионите ќе ја  прелетуваат Франција. Бомбардерите што полетуваат од Ферфорд мора да ја прелетаат Франција од север кон југ и да полнат гориво кога ќе стигнат до Медитеранот, освен ако тоа не го сторат над француската територија, што носи поголем ризик.

Исто така, авионите „Б-2“ за полнење  се потпираат на танкери „КЦ-46“ од Азорите, што дополнително ја растегнува операцијата.

Шпанскиот премиер Педро Санчез е еден од најгласните противници на нападите на САД и Израел врз Иран, опишувајќи ги како неодговорни и нелегални.

Санчез неодамна рече дека Шпанците се на вистинската страна на историјата и дека ставот „без војна“ е темел на шпанската нација. 

Шпанија ги заостри дипломатските односи со Израел уште за време на конфликтот во Газа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation