Background

ТРЕТИНА ОД ПРЕЖИВЕАНИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ СТРАДААТ ОД АНКСИОЗНОСТ, ДЕПРЕСИЈА И ПОСТТРАУМАТСКО РАСТРОЈСТВО

Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици, покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници кои биле лекувани во рамки на третманот на лузни со PDL (Pulsed Dye Laser) на Универзитетската клиника за дерматологија.

Резултатите покажуваат дека кај една третина од испитаниците е регистрирана анксиозност, 27,5 проценти имаат симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСР), а 21,6 проценти се соочуваат со депресија, соопшти проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје.

Истражувањето е спроведено во периодот од јануари до март 2026 година и ќе биде дополнително проверувано со цел да се добијат научно верификувани податоци за психолошките последици од една од најтешките трагедии во поновата македонска историја.

- Advertisement -
Ad image

– Пожарот во клубот Пулс претставува масовна несреќа од човечки фактор, настан кој според литературата носи значително повисок психијатриски морбидитет од природните катастрофи – изјави проф. д-р Арсова.

Дури 72 проценти од испитаниците пријавиле загуба на блиска личност во трагичниот настан, што се покажува како значаен фактор за појава на ПТСР. Истовремено, 96 проценти го наведуваат семејството како главен извор на поддршка, што ја нагласува неговата клучна улога во процесот на опоравување.

– Забележително е дека најголем дел од поддршката се бара кај семејството и од една страна е добро што кај нас опстојува оваа поврзаност со семејството. Сепак, од друга страна, сè уште егзистира стигмата кога станува збор за барање стручна помош – истакна Арсова.

Еден од најзначајните наоди од истражувањето е улогата на механизмите за справување со траумата. Избегнувачките стратегии, како повлекување, емоционално оттурнување и негирање се директно поврзани со повисоки нивоа на психолошки нарушувања и можат да доведат до продлабочување на симптомите. Истражувањето дополнително покажува дека жените се особено ранлива категорија, со повисоки нивоа на анксиозност, депресија и ПТСР.

– Избегнувањето на проблемот, емоционалното дистанцирање, самодистракцијата, негацијата, како и употребата на психоактивни супстанции и алкохол претставуваат ризични и неефикасни стратегии за справување со траумата – предупредува проф. д-р Арсова.

Во истражувањето биле вклучени 72 проценти мажи и 28 проценти жени, од кои најголем дел се на возраст од 18 до 29 години.

ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија најавува дека ќе продолжи со систематско следење и научно истражување на психолошките последици од трауматскиот настан во Кочани, со цел навремено препознавање, намалување на стигмата и обезбедување соодветна стручна поддршка за сите засегнати граѓани од трауматскиот настан.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation