Background

ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА НАВЕДУВАЊЕ НА САМОУБИСТВО

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка. Јовановски е обвинет за три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик.

Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски познат во јавноста по судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежев.

Според Обвинителството, од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година се до 2 март кога оштетената – сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг со кој била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, тепал, понижувал и и нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции. Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на пријавениот како нејзин сопруг се интензивирале во текот на 2025 и 2026 година.

- Advertisement -
Ad image

– На критичниот ден претходеле неколку настани, а осомничениот најпрво се заканувал и почнал да ја удира оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да и се заканува дека ќе ја убие со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и и нанел телесни повреди – хематоми по главата и телото. Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка и. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и од таму го извршила самоубиството – наведе Обвинителството.

Тој често ја тепал и навредувал, и дома и на јавни места, дури и пред нивната малолетна ќерка, заканувајќи ѝ се дека ќе ја избрка и ќе ѝ го одземе детето. На критичниот ден, по нов бран насилство и закани, жената се вратила дома со детето со намера да си замине. Но, доведена во состојба на тешка психичка вознемиреност, страв и безизлезност, таа извршила самоубиство, скокајќи од терасата на станот од шестиот кат заедно со малолетното дете.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation