Летното сметање на времето почнува ноќеска во 2 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 2 ќе биде 3 часот.
Тоа значи дека наредната ноќ ќе спиеме еден час помалку, но ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне.
Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината – во последниот викенд во март почнува летното сметање, а во последниот викенд во октомври почнува зимското сметање на времето.
Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври во 3 часот по полноќ.
Одлуката за воведување на летното сметање на времето е во согласност со Законот за сметање на времето од 1996 година и е во согласност со европски директиви.
Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и во Исланд.
Сезонското менување на времето се применува и во повеќето земји од Северна и од Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.
Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците.
Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.
Tagged as:
Почнува летното сметање на времето
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
