На министерскиот состанок на Г7 вчерс избувна напнат судир меѓу шефицата за европска надворешна политика Каја Калас и американскиот државен секретар Марко Рубио, според 3 извори кои присуствувале на состанокот, објави Аксиос.
Калас го прашала Рубио кога САД ќе почнат да преземаат посилни мерки против Русија, што предизвикало остар одговор од американскиот функционер.
Според изворите, судирот на мислења, кој се случил пред другите министри за надворешни работи, ја покажува меѓусебната недоверба меѓу САД и многу европски сојузници околу војната во Украина.
Според информациите зад сцената, Калас, позната по острите ставови против Русија и поранешна естонска премиерка, ги критикувала САД дека не вршат доволен притисок врз Москва. Таа потсетила дека Рубио на истиот форум пред една година рече дека ако Русија ги попречи американските напори за завршување на војната, САД ќе го изгубат трпението и ќе преземат дополнителни мерки против Кремљ.
– Помина една година, а Русија не се помрдна. Кога ќе ви снема трпение – му рекла Калас на Рубио.
– Ако мислите дека можете подобро, ќе се повлечеме – одговорил Рубио.
Рубио, според изворите, бил видливо иритиран.
– Правиме сè што можеме за да ја завршиме војната. Ако мислите дека можете подобро, слободно. Ќе се повлечеме – одговорил тој, повишувајќи го гласот.
Тој објаснил дека САД се обидуваат да разговараат со двете страни и само ѝ помагаат на Украина преку оружје, разузнавање и друга поддршка.
По жестоката размена на мислења, неколку европски министри се обиделе да интервенираат и да нагласат дека сè уште сакаат САД да продолжат со дипломатијата меѓу Русија и Украина.
На крајот од состанокот, Рубио и Калас имале краток приватен разговор, за да ја смират ситуацијата.
– Беше отворена дискусија за позициите. За тоа служи дипломатијата – изјави за Аксиос функционер на Стејт департментот.
Портпаролот на Калас одби да коментира.
По состанокот, Рубио негираше пред новинарите дека имало какви било тензии или критики.
– Овие состаноци често се користат за благодарност кон Америка за улогата што ја одигравме… и за нашата улога како медијатор во војната меѓу Русија и Украина. Никој не вика, не го крева гласот или не кажува ништо негативно – рече Рубио.
Европските лидери со месеци се загрижени за напредокот на мировните преговори на САД меѓу Украина и Русија. Војната во Иран дополнително ги зголеми тензиите во Европа, особено откако Американците одобрија ослободување од плаќање за продажба на руската нафта, додека цената на нафтата постојано расте.
Минатиот викенд, високо рангирана украинска делегација го посети Мајами и се сретна со пратениците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за да разговараат за мировниот процес. Украинските претставници изјавија дека во последно време не е постигнат значаен напредок и дека е јасно дека американското внимание е целосно насочено кон Иран.
Tagged as:
НАПНАТ СУДИР МЕЃУ РУБИО И КАЛАС НА СОСТАНОКОТ НА Г7
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
