Background

Анестезиологот Жарко Грозданоски уапсен за убиството на Климе Митревски , сопственик на „Климентов Конак” во Охрид

Жарко Грозданоски, лекар анестезиолог вработен во Клиничка болница Тетово, се терети дека го убил Климе Митревски поради имот вреден над еден милион евра во старото охридско јадро , по претходно склучен договор за доживотна издршка.

Криминалистичката полиција при СВР Охрид го расчисти убиството на Климе Митревски, сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак” во старото охридско јадро, во рок од помалку од 12 часа. Сторителот е идентификуван и приведен набрзо по извршување на злосторството.

За убиството е осомничен Жарко Грозданоски од Брвеница кај Тетово, специјалист-анестезиолог и вработен во Клиничка болница Тетово. Според истрагата, Грозданоски и Митревски претходно склучиле договор за доживотна издршка, со кој Грозданоски се обврзал да го чува и негува Митревски во замена за наследство.

(Фото жртва Клие Митревски)

- Advertisement -
Ad image

Наследството кое Грозданоски сакал да го присвои претставува недвижен имот во старото охридско јадро со проценета вредност од над 1.000.000 евра. Се смета дека обвинетиот свесно го забрзал умирањето на жртвата со цел побрзо да го стекне владеењето врз имотот.

Жарко Грозданоски е официјално обвинет за убиство сторено од користољубие , кривично дело кое во македонскиот Кривичен законик носи една од највисоките казни затвор.

Случајот предизвика бројни прашања во јавноста, особено поради двојниот статус на осомниченото лице , лекар кој денес стои под обвинение за намерно одземање на живот. Медицинскиот персонал во клинички установи ужива висок степен на доверба, а нивниот пристап до пациенти и медикаменти ги прави евентуалните злоупотреби особено тешко докажливи.

 Отворени прашања за истрагата

  • Дали зад Жарко Грозданоски се кријат и други сомнителни смртни случаи на пациенти или лица со кои имал склучено договори?
  • Колку договори за доживотна издршка склучил Грозданоски  и кои се другите договорни страни?
  • Дали органите на прогонот ќе иницираат ревизија на смртните случаи поврзани со негова медицинска активност во Клиничка болница Тетово?
  • Колку долго траел договорот за доживотна издршка со Митревски и дали постојат слични договори со трети лица?

СВР Охрид потврди дека истрагата продолжува, а во тек е и соработка со правосудните органи. Случајот е проследен и до Јавното обвинителство, кое треба да одлучи за притвор и понатамошна постапка.

С.Д.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation