Background

Побрзи процедури, подобра достапност, системско следење на снабдувањето

​Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови. Според министерот се работи за системски и суштински важен акт кој директно влијае врз квалитетот на третманот и безбедноста на пациентите во нашата држава.

– Овој закон претставува значаен исчекор кон модернизација на системот за лекови во државата и негово усогласување со европските стандарди. Постојниот закон ги регулира сите аспекти поврзани со лековите — од нивното производство и испитување, до ставање во промет, контрола, цени и надзор. Но, со текот на времето и преку практичната примена, се наметна потреба од подлабоко и посеопфатно усогласување со европските законодавни системи од оваа област – изјави Алиу.

​Тој кажа кои се клучни придобивки од новиот закон.

- Advertisement -
Ad image

– Процедурите ќе бидат побрзи за одобрување и регистрација на нови лекови. Ќе се скратува времето за нивна достапност до граѓаните, ќе се воспостави систем за следење на снабдувањето со цел навремено спречување на недостиг на лекови во државата, ќе се воведат напредни електронски системи за следливост и анализа на потрошувачката.

Министерот најави и воведување мислење од Етичка комисија во процедурите за лекови.

– Во делот на клиничките испитувања, воведуваме целосна усогласеност со најновата ЕУ регулатива и принципите на добра клиничка пракса. Ова значи повисоки нивоа на заштита на правата и безбедноста на испитаниците, како и задолжително мислење од независно тело (Етичка комисија). ​Исто така, за прв пат системски го уредуваме и фармацевтскиот отпад од домаќинствата преку воспоставување на национална мрежа на пунктови за негово собирање, што е важен чекор за заштита на животната средина. Очекуваме дека со овој закон ќе обезбедиме оптимизација и поголема ефикасност во регулирањето на цените на лековите, поголема достапност на терапиите и долгорочна финансиска одржливост на здравствениот систем. Во фокусот на овој закон е пациентот. Овој процес го водевме транспарентно и инклузивно со институциите, пациентските организации и фармацевтската индустрија – изјави Алиу.

​Следната недела ќе биде објавен на делот ќе биде достапност за сугестии и за забелешки на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation