Иран го смета мировниот предлог на САД за „едностран и неправеден“, изјави денеска за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека може да се постигне напредок само доколку реалноста преовлада во Вашингтон.
Иран го пренесе својот став до САД преку посредникот Пакистан. Функционерот рече дека предлогот бил „детално разгледан синоќа од високи ирански функционери и претставник на врховниот лидер на Иран“.
– Накратко, предлогот сугерира дека Иран треба да се откаже од својата одбранбена способност во замена за нејасен план за укинување на санкциите – рече иранскиот функционер, додавајќи дека предлогот не ги исполнува минималните барања.
Функционерот рече дека „сè уште нема договор за преговори и дека ниеден план за разговори не изгледа реален во оваа фаза“. Додаде дека Турција и Пакистан се обидуваат да помогнат во „воспоставување заедничка основа меѓу Иран и САД и во намалување на разликите“.
Белата куќа вчера соопшти дека САД ќе го погодат Иран „посилно од кога било досега“ доколку Техеран не го прифати мировниот предлог на САД.
Иран, исто така, посочи на сопствената способност за ескалација ако не се постигне прекин на огнот. Се закани дека ќе преземе мерки за блокирање на уште еден клучен морски пат, Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандаб, што нуди алтернативен извозен пат за дел од нафтата од Персискиот Залив.
Американската администрација одби да открие детали за планот.
Израелски извори тврдат дека планот вклучува отстранување на иранските залихи од збогатен ураниум, запирање на иранската програма за збогатување ураниум, ограничување на иранската програма за балистички ракети и прекинување на иранската поддршка за регионалните сојузници како што е либанскиот Хезболах.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
