Background

Џереми Микс (42) од „најзгодниот криминалец во светот“ се претвори во едно од најпрепознатливите лица на модната сцена

Џереми Микс (42) од „најзгодниот криминалец во светот“ се претвори во едно од најпрепознатливите лица на модната сцена.

Неговата вирална полициска фотографија од 2014 година му го промени животот целосно, а откако беше ослободен од затвор изгради успешна кариера како модел. Денес, тој има ревии за големи модни куќи, милионска заработка и приказна што продолжува да ја фасцинира јавноста.

По неговото ослободување од затвор, Микс брзо влезе во светот на модата, чекорејќи по модните писти за некои од најпознатите имиња, вклучувајќи го и Томи Хилфигер. Тој се појави на насловните страници на списанија, а неговото богатство сега се проценува на повеќе од 4,3 милиони евра. Сепак, приказната на Микс започнала многу поинаку.

- Advertisement -
Ad image

Како 18-годишник, тој бил обвинет за грабеж и напад, за што бил осуден на затворска казна. Во 2014 година, тој повторно бил уапсен, овојпат за поседување оружје и отпор при апсење.

Тогаш неговата полициска фотографија заврши на Фејсбук и стана вирална, по што го доби прекарот „најзгодниот криминалец во светот“.

Додека ја отслужуваше казната во Федералниот затвор Мендота, неговата популарност незапирливо растеше. Тој беше ослободен на 8 март 2016 година, а вратата кон нов живот веќе му беше отворена.

Во подкаст, Микс откри како е да се биде глобална сензација додека сè уште бил во затвор.

– Добивав 300 писма на ден, тоа беше премногу – призна тој.

Обожавателите му праќале фотографии, пари, па дури и понуди за филмови, а потпишал и договор со менаџерска агенција.

Интересно е што и целосни странци се обидувале да го посетат во затвор.

– Ги гледам низ стаклото и велам: Не знам кој е тоа – се присети тој, додавајќи дека некои доаѓале од други држави и покрај неговите молби да не го прават тоа. Оваа ситуација создала проблеми за неговото семејство бидејќи посетите биле ограничени, а неговиот син во тоа време не разбирал зошто неговиот татко не е дома.

По неговото ослободување од затвор, Микс повторно ги полнел медиумите поради неговиот приватен живот. Во 2017 година, тој започнал врска со Клое Грин, наследничката на модната империја Топшоп, додека сè уште бил во брак со сопругата Мелиса, со која има син. Добил уште едно дете со Клое во 2018 година, но нивната врска завршила во 2019 година. Денес, според неговите сопствени зборови, тој е слободен и целосно посветен на својата кариера.

 

И покрај неговото бурно минато, Микс нагласува дека токму неговите деца му го промениле животот.

– Моите деца ми го променија животот. Колку и да беше див, тие ме забавија и сега се моја мотивација за сè што правам – рекол тој во едно интервју додавајќи дека неговата цел е да создаде стабилна иднина за своето семејство и да ги прекине негативните шеми од минатото.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation