Безбедносната состојба во земјата е стабилна, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за тоа каква е безбедносната состојба со оглед на случувањата на Блискиот Исток.
– Безбедносната состојба е стабилна, без да има одредени осцилации, апсолутно ја имаме под контрола безбедносната состојба. Се разбира, предизвици има и ќе има, тоа е жива и динамична материја, но ние сме тука да ја следиме и да реагираме доколку има потреба од тоа – изјави Мицкоски.
Премиерот денеска присуствуваше во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец, каде што беа претставени 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави.
На презентацијата беа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, и командантите на Командата за операции и првата пешадиска бригада.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
