Иран сигнализираше до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека би сакал да води преговори со потпретседателот Џеј Ди Венс, наместо со специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на дипломатски извори.
Пораката била пренесена преку неформални канали и ја одразува проценката на Техеран дека разговорите со Виткоф и Кушнер не би биле продуктивни поради недостиг на доверба по пропаѓањето на претходните контакти. Изворите наведуваат дека Венс во регионот се доживува како политичар посклон кон завршување на конфликтите во споредба со другите членови на тимот, како државниот секретар Марко Рубио. Сепак, регионалните аналитичари сметаат дека вклучувањето на Венс носи ризик бидејќи постигнувањето договор е исклучително тешко.
И покрај иранските желби, Виткоф останува силно вклучен во дипломатските активности, а официјален Вашингтон нагласува дека Иран ќе мора да преговара со оној што ќе го одреди претседателот. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, истакна дека Трамп одлучува за преговарачкиот тим, во кој се вклучени Венс, Рубио, Виткоф и Кушнер.
Еден функционер на Белата куќа ги оцени ваквите информации како обид за „поткопување на администрацијата на Трамп“. Како можен следен чекор се споменува средба на претставници на САД и на Иран кон крајот на неделата во Исламабад, иако постои сомнеж за нејзино одржување.
Tagged as:
Венс се доживува како политичар посклон кон завршување на конфликтите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
