Тројца осомничени се соочуваат со обвинение за кражба на кабли од кругот на Железара, откако биле фатени додека се обидувале да го напуштат просторот со натоварен автомобил.
Според Основното јавно обвинителство Скопје, кражбата се случила во првите денови од март, кога осомничените одзеле повеќе видови кабли во вредност од околу 196.500 денари. Каблите биле сопственост на фирма од Кавадарци.
При кражбата бил оштетен и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, со проценета вредност од околу 800.000 денари.
Осомничените ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, но биле откриени и приведени на лице место.
Обвинителството бара еден од тројцата да остане во притвор, додека за другите двајца веќе се определени мерки на претпазливост до завршување на постапката.



