Славниот пар планира луксузно патување од Бахамите, преку Европа, до Азија и Австралија
Американскиот фудбалер Тревис Келс и музичката суперѕвезда Тејлор Свифт го планираат „патувањето на својот живот“ за нивниот претстоен меден месец подоцна оваа година, изјавил извор близок до двојката за
„The U.S. Sun“.
Свадбата на годината треба да се одржи на почетокот на летото, а веќе има гласини дека тие нивниот меден месец од соништата – според странските медиуми, ќе ја вклучи и Хрватска.
По престојот во Италија, езерото Комо и француската ривиера, Свифт и Келс планираат да го посетат хрватскиот брег и внатрешноста.
Според извори блиски до двојката, Хрватска им е особено интересна поради семејните корени на Келс. Како што претходно беше откриено, играчот на Канзас Сити Чифс има хрватско потекло преку неговите прабаба и прадедо од страна на неговата мајка Дона, што му дава на ова патување дополнително лично значење.
Според извештаите, двојката планира да истражи помали туристички области за да се поврзе со семејната историја, но исто така и да ужива во природата и приватноста што ги нуди Хрватска.
Нивниот меден месец е планиран како вистинско глобално патување од Бахамите, преку Европа, до Азија и Австралија. По Хрватска, тие планираат да ја посетат Грција, каде што ќе престојуваат на приватен остров, а потоа да продолжат кон Сингапур, Австралија и Фиџи.
Патувањето, според изворите, треба да заврши на Хаваи, непосредно пред Келс да се врати на спортските обврски во втората половина на јули.
Свифт и Келс, кои се свршија на 10 август 2025 година, наводно сакаат да го поминат овој период што е можно подалеку од очите на јавноста, со минимален контакт со надворешниот свет, со цел целосно да се посветат еден на друг.
Доколку плановите се остварат, Хрватска наскоро би можела да биде домаќин на еден од најпознатите парови на денешницата, во еден од најпосебните моменти од нивниот живот. Инак, прадедото и прабабата на Келс потекнуваат од Вела Драга во Горски Котар.