Background

„Подземниот” судија Иван Колевски кои закони ги прекршил , повик до Судскиот Совет на РСМ

Цела една година без свикано Собрание на доверители. Полноќна смена на стечајна управничка без образложение. Фиктивни побарувања прифатени без проверка. Судот кој молчи додека над 30 милиони евра испаруваат. Стечај Ст.бр.52/25 , Основен суд Битола , е огледало на сè за што македонскиот правен систем тврди дека го нема.

Во македонскиот правен систем постои непишано правило кое многу добро го разбираат оние кои ги управуваат шемите на организиран финансиски криминал: доволно е да го контролираш стечајниот судија  и сè друго само ќе се нареди. Судијата е оној кој именува и разрешува управници, кој одобрува или блокира побарувања, кој закажува или одложува рочишта. Тој е клучот. И во стечајот на СН Осигурителен Брокер АД Битола, тој клуч се вика Иван Колевски.

Откако стечајната постапка Ст.бр.52/25 беше отворена во мај 2025 година, постапката тече , ако воопшто може да се каже дека „тече” , на начин кој систематски ги оштетува вистинските доверители, ги заобиколува законските рокови и создава услови под кои фиктивните побарувања на Фактор ИН Скопје и бројните лажни „доверители” да се легитимизираат без форензичка проверка.

- Advertisement -
Ad image

 Клучна теза на истражувачката редакцијаПостапувањето на судијата Иван Колевски во стечајот на СН Осигурителен Брокер не претставува само процедурална небрежност , туку збир на конкретни дејствија и пропусти кои, врз база на јавно достапни стечајни документи, упатуваат на злоупотреба на службена положба и координирано дејствување во корист на одредени доверители.

 ДЕЛ I · Правна анализа на закони кои Колевски ги прекршил , член по член

Законот за стечај е прецизен. Тој не остава простор за толкување кога станува збор за роковите и обврските на стечајниот судија. Стечајниот судија врши контрола над законитоста на работата на стечајниот управник, одлучува за приговорите на доверителите и ги следи работата на одборот и собранието на доверителите. Ова не е дискреционо право , ова е законска обврска.

А. Закон за стечај — Клучни прекршени одредби

ЗС · ЧЛ. 18 Органи на стечајната постапка
Органи на стечајната постапка се: стечаен судија, стечаен управник, одбор на доверители и собрание на доверители. Собранието на доверители е законски орган кој мора да биде свикан со прво рочиште по отворањето на стечајот. Во случајот на СН Брокер , цела година по отворањето, Собранието на доверители сè уште не е одржано. Ова е директна повреда на организациската структура на постапката.
 Прекршена обврска: неисполнување на законски рок
ЗС · ЧЛ. 71 и 78 Испитно и извештајно рочиште , задолжителни рокови
Испитно и извештајно рочиште е закажано за 26 јуни 2025  и тоа е последното публично познато рочиште. Законот за стечај предвидува дека по испитното рочиште судијата е должен во разумен рок да свика Собрание на доверители на кое доверителите гласаат за органите на постапката, за планот за намирување и за стечајниот управник. Ниту едно такво собрание не е закажано. Прекршен рок: повеќе од 9 месеци доцнење без образложение
ЗС · ЧЛ. 106 Утврдување на материјалните факти
Законот експлицитно обврзува: Судот е должен да ги утврди материјалните факти важни за донесување на законита одлука. Фактор ИН поднесе побарувања од 469,8 милиони денари , без транспарентна документација за цесиите, без јасна каматна стапка за 30,45 милиони денари камата, без доказ за правниот основ. Судот прифати, без да нареди форензичка ревизија. Прекршена обврска: неутврдување на материјалните факти
ЗС · ЧЛ. 139–146 Разлачни доверители , редослед на намирување
Стечајниот доверител е лице кое по која било основа има побарување спрема стечајниот должник, настанато пред отворање на стечајната постапка. Стечајната управничка Блажевска оспорила 220,8 милиони денари (47%) од побарувањата на Фактор ИН, врз основа на Правното мислење на Врховен суд од 25.05.2021. Судот не ги земал предвид оспорувањата , а потоа ја сменил управничката. Прекршена обврска: игнорирање на оспорени побарувања

Б. Кривичен законик — Можна кривична одговорност

КЗ · ЧЛ. 353Злоупотреба на службената положба и овластување
Лице кое врши јавна функција кое со намера да прибави корист за себе или за друг го злоупотребува овластувањето, ги надминува границите на правото или не ги исполнува обврските — казна затвор до 8 години. Полноќната смена на стечајната управничка Блажевска, откако таа ги оспори фиктивните побарувања, без јавно образложение  е директна индиција за злоупотреба на судиската положба. Индиција: постои основано сомнение за постапување во корист на одредени доверители
КЗ · ЧЛ. 378 Фалсификување или уништување на деловни книги
Промената на основот на побарувањата, креирањето на фиктивни документи за поткрепа на побарувањата — казна 6 месеци до 5 години затвор. Доколку судот ги прифаќа вакви документи без проверка, тоа го прави соодговорен. Индиција: прифаќање документи со променет основ без верификација
КЗ · ЧЛ. 394Злосторничко здружување — Организиран криминал
Доколку постои координирано дејствување меѓу стечајниот судија, поедини доверители и Фактор ИН  сите учесници потпаѓаат под организиран криминал. Казна: до 15 години затвор за организаторите. Надлежност: ГОКК · Управа за финансиска полиција

 ДЕЛ II · Процедурален скандал цела година  без рочиште за Собрание на Доверители

Ова е, можеби, највидливата индиција дека со стечајната постапка нешто суштински не е во ред. Собранието на доверители е централниот орган на стечајната постапка , телото преку кое вистинските доверители ја контролираат постапката, гласаат за стечајниот управник, одлучуваат за планот на намирување.

Без Собрание на доверители , нема легитимен надзор. Без надзор , стечајниот судија и стечајниот управник работат во вакуум, надвор од поглед на оние чии пари треба да ги штитат. Токму тој вакуум е она во кое процветуваат фиктивните побарувања.

„Без Собрание на доверители , нема контрола. Без контрола , нема правда. А без правда , има само грабеж со правна маска.”

— Истражувачка редакција, врз основа на анализа на стечајните списи

Хронологија на процедуралните пропустиМАЈ 2025

Отворен стечај Основниот суд Битола го отвора стечајот. За управничка именувана Даниела Блажевска. Испитно и извештајно рочиште закажано за 26 јуни.
ЈУНИ 2025
Испитно рочиште  – Одржано испитното рочиште. По законот, следува задолжително свикување на Собрание на доверители. Тоа не се случува.
АВГУСТ 2025
Блажевска ги оспорува 220,8 милиони денари – Управничката оспорува скоро половина од побарувањата на Фактор ИН. Судот не реагира. Никакво рочиште не е закажано.
НОЕМВРИ  2025
Полноќна смена на Блажевска — без образложение  управничката е отстранета експресно, ноќно, без јавно образложение. Нов управник —,непознат на јавноста. Собрание на доверители , сè уште нема.
МАРТ 2026
10 месеци по отворањето — ни трага од Собрание ,Стечајот тече. Побарувањата се акумулираат. Доверителите чекаат. Судијата Колевски не одговара на новинарски прашања. ГОКК и Финансиска полиција  молчат.

 ДЕЛ III · Клучното прашање:Поврзаноста на Колевски со одредени доверители

Прашањето за поврзаноста на стечајниот судија со одредени доверители е она кое го раздвојува „обичниот” судски пропуст од организираниот криминал. Клучното прашање мора да се постави: Кој командува со Иван Колевски? Случаите во кои стечајните управници донесуваат одлуки кои очигледно не се во интерес на доверителите, туку на одредени поврзани лица, укажуваат на можна надворешна контрола или притисок врз судскиот процес.

Ниту едно рочиште не е закажано за Собрание на доверители , иако тоа го бараат вистинските доверители. Стечајната управничка која ги оспори фиктивните побарувања е сменета. Судот ги прифати побарувањата на Фактор ИН без форензичка ревизија. Сè тоа во корист на ист субјект — Фактор ИН.

 Прашања на кои јавноста бара одговор;
  1. Дали судијата Колевски имал или има деловни, лични или роднински врски со основачите на Фактор ИН — Даница Џутевска или Владе Пазарџиевски?
  2. Кој донесе одлука за полноќната смена на Блажевска  и дали постои писмена наредба за тоа?
  3. Зошто судот прифати побарување од 469,8 милиони денари без да нареди форензичка проверка?
  4. Дали Колевски е членува или бил членувал во политичка партија  и со кои политички структури е поврзан?
  5. Кои полициски структури командувале со текот на стечајот и дале насоки за именувањето на новиот управник?
  6. Зошто цела 1 година нема закажано Собрание на доверители  и кој ја донел оваа одлука?
  7. Дали Колевски поднел имотен лист за 2024 и 2025  и дали Државниот завод за ревизија ја провери?

 ДЕЛ IV · Аферата на доверителите – Фиктивни побарувања и зошто ЈО ГОКК мора итно да реагира

Паралелно со однесувањето на судијата, мора да се обработи и другата страна на аферата: Фактор ИН Скопје и бројните фиктивни доверители на листите на СН Осигурителен Брокер.

Стотици невини граѓани, претежно земјоделци од руралните средини, се наоѓаат на листи на фиктивни долгови создадени за извлекување на ликвидност. Молчењето на надлежните институции е клучна во оваа криминална шема. Земјоделци, нотари, адвокати, извршители , сите „должат” на осигурителен брокер суми кои не се засноваат на ниту еден реален правен однос.

Управата за финансиска полиција е надлежна за гонење на сторители на кривични дела „Лажен стечај” (член 254), „Перење пари” (член 273), „Измама” (член 247) и „Злосторничко здружување” (член 394) , сите дела кои постојат основано сомнение дека се сторени во оваа постапка.

До: Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупцијаПостојат јавно достапни документи, официјални стечајни списи и именувани субјекти. Ситуацијата не бара истражување , таа бара постапување по веќе достапниот материјал. Вашата надлежност е јасна. Вашата обврска е уставна. Вашето молчење , е одговор сам по себе.


 ДЕЛ V · Јавен повик до Судскиот Совет на РСМ мора да реагира , ИТНО

Судскиот совет е органот надлежен за именување, разрешување и дисциплинска одговорност на судиите. Неговата функција не е церемонијална , таа е гарант на независноста и интегритетот на судската власт. Кога судија постапува на начин кој систематски ги оштетува правата на граѓаните и ги помага сомнителните доверители, Судскиот совет мора да дејствува.

– Конкретни барања до Судскиот совет на РСМ

  • 1.Итна дисциплинска постапка против судијата Иван Колевски по основ на сомнение за злоупотреба на службена положба (член 353 КЗ)
  • 2.Надзорна посета на стечајната постапка Ст.бр.52/25 , преглед на сите одлуки, решенија и документи од отворањето до денес
  • 3.Јавно образложение за полноќната смена на стечајната управничка Блажевска , кој ја наредил и врз основа на кое решение
  • 4.Проверка на имотната картичка на судијата Колевски за периодот 2023–2025
  • 5.Итна наредба за свикување Собрание на доверители , законска обврска која е прекршена со скоро 10 месеци доцнење
  • 6.Препорака до Министерство за правда за покренување постапка за разрешување доколку дисциплинската истрага потврди злоупотреба

 Конкретни барања до ГОКК и Финансиска полиција

  • 01.Кривична пријава против Фактор ИН (Даница Џутевска, Владе Пазарџиевски) — член 247 (Измама), 254 (Лажен стечај), 273 (Перење пари), 394 (Организиран криминал) КЗ
  • 02.Истрага на цесиите — откупени побарувања, нивниот правен основ, лицата кои ги продале и лицата кои ги купиле
  • 03.Форензичка ревизија на сите 469,8 милиони денари побарувања на Фактор ИН , со задолжителна проверка на документацијата
  • 04.Истрага на фиктивните доверители — стотиците земјоделци и граѓани чии имиња се на листи без правен основ
  • 05.Трагата на парите — 29 милиони евра годишни премии; дали дел е насочен кон Евро Инс Бугарија или офшор структури

 Заклучок-Правдата не може да чека уште една година

Случајот со стечајот на СН Осигурителен Брокер АД Битола е комплексна и документирана афера во која се вкрстуваат три типа на сила: финансиска (Фактор ИН и мрежата на фиктивни доверители), судска (судијата Колевски и неговите одлуки) и институционална (молчењето на ГОКК, Финансиската полиција и Судскиот совет).

Секоја од овие три сили, одделно, би можела да се одбрани со „небрежност”, „преоптовареност” или „процедурални доцнења”. Но сите три заедно , систематски, насочено, координирано , не се случајност. Тоа е систем.

Граѓаните на Македонија , вистинските доверители, осигурениците, инвеститорите во обврзниците на СН Брокер , имаат право на одговори. Судскиот совет на РСМГОКК и Финансиската полиција немаат луксуз на уште едно „прекршочно молчење”. Документите се јавни. Имињата се познати. Законите се јасни.

Единственото прашање кое останува е: Дали постои волја за правда?

Истражувачки тим Охридскај

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation